Движењето на екологисти одржува младински еко камп за борба против климатски промени

 Движењето на екологисти на Македонија е дел од организацијата на петдневен младински еко камп за борба против климатски промени, информираше денеска потпретседателот на Движењето, кавадарчанецот Роберто Паризов, инаку претседател на Здружението за заштита и унапредување на животната средина, „Еко – живот“ од Кавадарци. 

– Еко кампот на кој учествуваат и кавадаречки екологисти со двајца ментори, се одржува на територијата на општината Македонски Брод. Има вкупно четириесетина учесници од целата држава, членови на еко организации. На агендата се тематски активности и теренски посети на значајни локалитети. Настанот  се имплементира со заеднички напори од страна на ДЕМ, Општина Македонски Брод, Еколошкото друштво ,,Треска” од Македонски Брод и СОУ “Свети Наум Охридски”. На отворањето на кампот беа потпишани меморандуми за соработка помеѓу ДЕМ и Општината и ДЕМ и училиштето од Македонски Брод, соопшти Паризов. 

Тој нагласи дека ова е само една од многубројните еко активности на екологистите од ДЕМ.