Меси најави враќање во Барса, се уште не потпишал за ПСЖ?

Лионел Меси е во центарот на вниманието по освојувањето на Светското првенство во Катар, а по враќањето во Париз многумина очекуваа тој да потпише нов договор.

Сепак, тоа се уште не се случи, а сега на некој начин индиректно се огласи и самиот Лео Меси.

Тој даде опширно интервју за весникот „Оле“ во својата татковина, во кое зборуваше на различни теми, меѓу другото и за продолжувањето на кариерата.

„Наскоро ќе наполнам 36 години и сакам да видам во која насока оди мојата кариера и мојата одлука зависи од различни работи“, рече Меси.

Потоа рече дека чува се од финалето на СП и дека ќе го однесе во Барселона, која засекогаш ќе биде негов дом.

„Ги чувам сите работи од финалето, копачките, дресот, сè со аргентинскиот грб и сега, во март, ќе однесам се во Барселона, каде што ги чувам сите мои спомени. Кога ќе ја завршам кариерата, Сигурен сум дека ќе живеам во Барселона, тоа е мојот дом“, истакна Меси.

Навивачите во Каталонија, но и желните новинари, на оваа изјава на Меси гледаат надеж дека тој би можел да се врати пред крајот на кариерата, а Барса е причината поради која се уште нема потпишано нов договор.

Исто така, француските медиуми изразија загриженост дека Меси сè уште не потпишал ништо, иако наводно „се е направено“ и требало да биде на хартија по Светското првенство.

Дали сè во Париз изгледа како што изгледа однадвор или можеби не?

Дали Меси ја гледа Барса на Чави и мисли дека поради љубовта треба да му прости на Жоан Лапорта и да го заигра „последниот танц“?