Деаноски: Не лажете дека ФЗО нема пари, таа е институција со најголем буџет

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски денеска информираше дека штрајкот на работниците на ФЗО продолжува во сите подрачни единици и ќе се извршуваат само најитните работни задачи. Според него, револтот кај вработените е голем.

„Бидете упорни, расположението е да се оди до крај, додека не се потврди одлуката за плата со декемвриската плата. Само бараме платите да ни останат како што беа во декември. Апелираме Владата на утрешната седница да отвори точка на дневен ред и да го разгледа ова наше барање“, изјави денеска Деаноски од Фондот за здравство.

Тој апелира да не се залажуваат со мислењето дека доколку се платат повисоки плати, нема да има лек за граѓаните, како што соопшти Министерството за финансии.

„Мислењето да не се лаже затоа што не доликува државен орган да си игра со емоциите и да лаже дека нема пари во Фондот за здравство. Тоа е институција со најголем буџет во државата, додека ФЗО секогаш има пари“, вели Деаноски.

Од синдикатот потенцираат дека штрајкот нема да се прекине ниту по цена доколку вработените не земаат плата.