ДЕВЕТ ДЕЦА СЕ ОТРУЕЛЕ НА ЧАСОТ: Голема акција, дури 20 амбулантни возила на терен – Паника на училиште во Германија
Најмалку девет деца покажале знаци на труење во средата наутро во училиште во Аренсфелд, Германија.
Како што соопштија од Центарот за контрола на вонредни состојби во Еберсвалде, станува збор за деца од истиот оддел кои во исто време покажале знаци на труење.
Во одделението имало 25 деца. Според првите информации, девет од нив во средата наутро (24.01) имале симптоми на гадење, повраќање и главоболка .
Портпаролката на полицијата во Франкфурт /Одер рече дека причината за проблемот е неисправен вентил. Како резултат на тоа, од мијалникот во училницата истече метан (безбоен гас) со непријатен мирис .
– Училницата конечно е проветрена и исчистена . Околу 20 возила на итната помош беа на терен, изјави портпаролката на полицијата.