Девојка пронашла младенче кое и се сместило во дланката: Сега црниот пантер и е домашно милениче (Видео)

Таа не знаела какво животно е тоа

На социјалните мрежи се појави видео на кое непозната девојка го покажува својот необичен миленик.

Станува збор за црн пантер кој девојката го пронашла кога била многу мала, а бидејќи бил во прилично лоша состојба продолжила да се грижи за него. Како што изјавила на Инстаграм, не знаела дека се работи за опасно диво животно.

Со текот на времето таа и пантерот станаа најдобри пријатели, а моментот на видеото каде што покажа како изгледал пантерот кога го пронашла сигурно ќе ве растажи со оглед на тоа дека и стана во рака.

После тоа, како што растело, почнало да ги плаши луѓето, но ова животно пораснало во друга средина, па неговите најдобри пријатели се луѓето и кучето.