Девојче (4) сакало да си игра со елката, па паднало од 5-ти кат: Сведоци ја опишаа грозоморната сцена

Четиригодишно девојче падна од петти кат од зграда во Букурешт и е во тешка состојба во болница.

Драматична сцена се случила во романската престолнина во пресрет на Божиќ. Според сведоците, девојчето веднаш штом се разбудило отишло да си игра со елката.

Елката стоела покрај отворен прозорец, а девојчето од засега непознати причини се качила на неа и паднала од петти кат.

Соседите велат дека мајката на девојчето спиела во моментот на несреќата и не ни забележала кога нејзината ќерка паднала.

Девојчето било пронајдено на тротоар, а соседите веднаш повикале брза помош. Останатите веднаш отишле во станот и ја разбудиле мајката.

Девојчето веднаш било пренесено во болница каде и билo опериранo.

Според лекарите, нејзината состојба сè уште е многу сериозна, со фрактура на черепот, торако-абдоминална политраума и фрактура на бутната коска.

Моментално е на интензивна нега.

Полицијата започна истрага.