Марија Шерифовиќ ја откри врската со жената која го роди синот: ,,Заедно поминавме низ многу предизвици”

Пејачката и една од најдобрите балкански вокали, Марија Шерифовиќ доби син со помош на сурогат мајка.

Момчето Марио е родено во клиника во Лос Анџелес на почетокот на декември 2023 година.

Марија ги чува информациите за тоа кој е таткото, но и која е жената која го родила нејзиното дете е тајна.

Сепак, таа реши да проговори за врската со сурогат мајката, кога истакна дека имале многу блиски односи.

– Ова е жената која ми помогна да ја исполнам мојата најголема желба во животот. Имавме најблиска можна врска, секој ден разговаравме, заедно ги поминувавме сите предизвици на бременоста, заедно одевме на прегледи… – изјави Марија и откри како дошла да се одлучи за сурогат мајка.

Пред тоа, таа самата се обиде да се реализира во улога на мајка, но, за жал, не успеа.

– Пред да се одлучам за сурогат мајчинство, неколку пати се обидов да зсбременам но не успеав, на мое големо жалење. Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството беше мојот единствен избор – изјави таа за Блиц.

Инаку, Марија во ноември отпатува во Америка за да биде со сурогат мајката во последниот месец од бременоста.