ДЕЛ ОД АВИОНОТ НА ПРИГОЖИН ПРОНАЈДЕН ДВА КИЛОМЕТРА ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА Специјални служби опколија се околу урнатините, пронајдени се осум тела

Операцијата за пребарување продолжува.

Еден од фрагментите на авионот што се урна во регионот Твер, во кој беше Евгениј Пригожин , водачот на приватната воена компанија Вагнер, беше пронајден на влезот во селото Куженкино, на околу два километри од местото на несреќата . јави репортерот на агенцијата РИА Новости.

Полицијата го опколила местото каде паднале урнатините, а до него има и неколку автомобили на специјалците. 

Агенцијата наведува дека патот до селото Куженкино е блокиран и дека низ него минуваат само возилата на Министерството за вонредни состојби и истражните комисии. 

Министерството за вонредни ситуации на Русија во средата вечерта соопшти дека приватен авион „Embraer Legacy“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во областа Твер.  

Во авионот имало 10 лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале.

Лидерот на руската приватна компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин и нејзиниот командант Дмитриј Уткин биле меѓу 10-те лица кои биле во авионот, потврди руската Федерална агенција за воздушен транспорт.

Таа служба ги објави и имињата на седум патници, меѓу кои Пригожин и Уткин, како и имињата на тројцата пилоти, пренесоа руските медиуми. 

Претходно, групата Вагнер на својот канал Телеграм ја потврди и веста за смртта на својот лидер Пригожин, за чија смрт ги обвини, како што се наведува, „предавниците на Русија“.

Портпаролот на брзата помош за РИА Новости изјави дека на местото на несреќата се пронајдени телата на осум лица . 

Операцијата за пребарување продолжува.