Демонстранти упаднаа во американскиот Конгрес, се бара итен прекин на огнот во Газа

– Група демонстранти одржаа протести во зградата на Конгресот барајќи „итен прекин на огнот во Газа“, а полицијата интервенираше и приведе најмалку 13 лица.

Додека продолжуваат реакциите на американската јавност за израелските напади врз Газа, демонстрантите што му припаѓаат на „Проектот за правда“ се собраа во главниот град Вашингтон за да протестираат против Израел и САД.

Повеќе од 100 демонстранти се собраа пред станицата Јунион, една од симболичните згради на Вашингтон, и дадоа изјави придружени со транспаренти и пароли „Веднаш прекин на огнот во Газа“.

Демонстрантите ја повикуваат американската администрација да преземе конкретни чекори за да го спречи раселувањето на Палестинците.

По протестот пред станицата Јунион, групата што маршираше кон Конгресот се упати кон зградата на „Канон Хаус“ и влегоа околу 15-20 демонстранти.

Тие ги повикаа администрацијата на Бајден и Конгресот да ја запрат воената помош за Израел и им оддадоа почит на илјадниците цивили убиени во Газа.

Полицијата приведе 13 лица што го водеа протестот, а демонстрантите што останаа надвор се разотидоа без инциденти.