Денвер Нагетс го совладаа Бруклин Нетс со 124:105, предводени од Никола Јокиќ, кој се врати на теренот откако ги пропушти претходните два натпревари, официјално поради болест.
Јокиќ покажа зошто е првата ѕвезда на Нагетс и најдобар играч во НБА од минатата сезона. Тој оваа сезона оствари уште еден трипл-дабл, вкупно 15 со учинок од 35 поени, 15 асистенции и 12 скока.
Покрај тоа, Јокиќ испиша историја заедно со Расел Вестбрук.
Тандемот на Денвер се првите играчи кои забележале трипл-дабл во еден натпревар повеќе од еднаш – Вестбрук постигна 25 поени, 11 скока и десет асистенции.
Мајкл Портер Џуниор беше предводник на Нетси со 17 поени, додека на другата страна се истакна Камерон Џонсон со 22 асистенции.
За Денвер ова беше 22. триумф сезонава, а имаат и 15 порази, додека Бруклин има 13-25.