Дерек Човин, експолицаецот осуден за убиството на Џорџ Флојд избоден со нож во затвор

Дерек Чавин, експолицаецот од Минеаполис кој беше осуден во случајот со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година бил избоден со нож во федералниот затвор во Аризона, соопштија од главното обвинителство на Минесота. 

Од канцеларијата на обвинителството кое вршеше прогон на Човин поради главната улога во случајот со Флојд, биле информирани за нападот врз Човин и  јавија дека тој е во стабилна состојба. Ова го потврдија и од американското Биро за затвори. 

Човин отслужува две казни затвор поради убиството на Флојд. Во мај 2020 тој за време на задржување, со колено го приклешти Флојд за вратот и така го држеше неколку минути. Флојд, кој беше Афроамериканец, почина веднаш потоа.  

Ова предизвика национален гнев, подем на движењето „Животите на црномурестите се важни“ и насилни протести во многу градови низ Америка.