Десетици делфини се насукаа на брегот на Јапонија, седум се мртви

 Властите и сурферите им помогнаа на преживеаните животни да се вратат во океанот.

Десетици делфини се насукаа на брегот на Јапонија, а неколку умреа.

Најмалку уште осум делфини беа пронајдени денес покрај бреговите на Исуми и Ичиномија во провинцијата Чиба на брегот на Тихиот Океан во Јапонија.

Локалните власти соопштија дека вчера 33 делфини биле насукани на бреговите.

Вкупно седум најверојатно се мртви, објави новинската агенција „Кјодо њуз“ во Токио.

Властите и сурферите им помогнаа на преживеаните животни да се вратат во океанот.

Делфините се долги околу два метра.

„Можеби ослабеле затоа што пливаа премногу блиску до брегот каде што водата е студена“, изјави вчера Јукио Мијаучи, раководител на Институтот за океани во префектурата Чиба.

Истражувачите од јапонскиот Национален музеј за природа и наука ќе ги анализираат мртвите делфини.