Детали за драмата во Германија: Полицијата пристигнала во центарот, по четири истрели било констатирано дека опасноста поминала !?

Неименуван маж во германскиот град Улм вечерва држел заложници во познатиот ланец кафе „Старбакс“.

Според последните информации на Билд , тој дошол во кафулето во петокот вечерта за време на својата смена и оттогаш зел четири лица како заложници. Првиот повик во полиција бил примен во 18 часот и 50 минути.

Идентитетот на тие заложници се уште не е познат, како и оружјето што напаѓачот го имал со себе.

Според германскиот весник, полицијата набрзо дошла во центарот на градот, а на лице место се собрале околу стотина набљудувачи.

Одеднаш, на местото на настанот биле испукани четири куршуми. Луѓето се распрснале во паника. Полицајците извикувале: „Сите бегајте одовде!“, а остана нејасно кој пукал, пишува Билд.

Според неофицијални информации, можно е полицијата да пукала. Се наведува дека од центарот на градот тргнала брза помош со повредениот сторител. Портпаролот за Билд потврди дека опасноста за населението поминала.