Детали за несреќата во Италија: Автобусот со македонски туристи се судрил со два камиони

Италијанските медиуми објавија фотографии од сообраќајната несреќа во која учествуваше автобус со македонски туристи, при што загина возачот на автобусот а повредени се 12 патници.

Според информациите, автобусот се судрил со два камиони на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона. До верижниот судир, како што јавуваат италијанските медиуми, дошло околу 10 часот.

По судирот, едниот од камионите се запалил во тунел, a причините се’ уште се утврдуваат. Се споменува дека едниот од камионите пренесувал алкохол.

Македонските патници се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.