ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА во која загинаа фудбалерите! Немаа шанси! (ВИДЕО)

Жртвите во несреќата биле на возраст од 25 до 29 години

Страшна вест пристигна денеска од Германија, фудбалот остана во втор план, во сообраќајна несреќа животот го загубија двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен играч на локалниот клуб Алеманија Егенштајн, а во меѓувреме се појавија и деталите за несреќата.

Имено, тие се враќале од клубска забава, а несреќата се случила во непосредна близина на просториите на клубот ноќта меѓу саботата и неделата.

Германската полиција излезе со соопштение и наведе дека автомобилот со спортистите се излизгал и влегол на спротивната лента, во која имало такси.

Возачот на автомобилот и неговите тројца сопатници загинале на лице место, а загинало и едно лице од таксито.

Во тој автомобил имало двајца браќа, од кои едниот загинал, додека возачот и другиот сопатник се тешко повредени.

Сите жртви во несреќата се на возраст од 25 до 29 години.