Детали за ужасот на екскурзијата: Позната причината за смртта на средношколецот од Хрватска, учениците се враќаат дома, а телото на момчето е оставено во Прага

Невидена трагедија се случи ноќта меѓу петокот и саботата за време на матурската екскурзија на гимназијата „Мате Балоте“ во Пореч во Прага.

Хрватските медиуми јавуваат дека загинал ученик (17) од Умаг, но се уште не се познати други детали од трагедијата што ги снајде средношколците од Пореч. Деталите за несреќата ќе бидат познати по истрагата во Прага.

Професорите и учениците од училиштето од Поре се надвор себе во шок.

Не можам да ви кажам што се случи бидејќи не добивме никаков документ. Не сакам да претпоставувам ништо. Тоа се случило вечерва помеѓу 0.30 и 01 часот по полноќ. Не бев сведок и не знам што се случи. Ќе знам повеќе кога ќе го добијам полицискиот извештај – изјави директорот на училиштето Крешимир Брониќ.

Студентите и професорите денес се враќаат од екскурзија на која требаше да останат еден ден подолго. Телото на несреќниот ученик останало во Прага до завршување на истрагата за несреќата.

Можам само да замислам како се чувствуваат. Информацијата ја добив утринава бидејќи ученичка која е на екскурзија и се јавила на мајка си. И оттогаш сите сме во шок. Никој не знае што точно се случило. Повеќе ќе знаеме во понеделник. Прашање е дали воопшто ќе има настава во понеделник поради овој трагичен настан. Го познавав тоа момче. Тоа е страшна трагедија – велат од училиштето.

Хрватската влада соопшти дека истрагата се уште е во тек и дека повеќе информации ќе имаат кога амбасадата во Чешка ќе го добие официјалниот извештај.

Глас на Истра наведува дека матурантот кој загинал во Прага бил примерен, не бил проблематичен и дека се работи за несреќен случај.

Според неофицијални информации ученикот загинал при пад од височина.

На училишната екскурзија средношколци од трета и четврта година.