ДЕТЕ (3) ПАДНАЛО ОД ВТОР КАТ, ДОДЕКА МАЈКАТА ОТИШЛА ДА ГО ФРЛИ ЃУБРЕТО: Несреќа во Србија: Еве во каква состојба е момчето
Детето (3) паднало од прозорецот на вториот кат од семејната куќа во Прокупље додека мајката излегла на кратко да го фрли ѓубрето, неофицијално потврдиле за „Блиц“.
Според српските медиуми итната помош веднаш излегла на терен, а лекарите констатирале дека тригодишното момче нема сериозни повреди.
Очевидци велат дека детето само го отворило прозорецот и паднало надвор.