Диди Џеј за изјавата дека е попопуларна од Ѓоковиќ! За 5 години во Америка имала една турнеја – „Ме исмејуваат во Србија!“ (ФОТО)

Диди Џеј проговори за нејзината американска кариера, почетоците, но и за изјавата, која, како што истакнува, била погрешно протолкувана.
Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, не престанува да ја интригира јавноста откако се појави на сцената, а пред неколку години реши да ја продолжи својата музичка кариера во САД.
Пејачката ја започна својата кариера пред 10 години со победата на музичкиот фестивал во Врњачка Бања со песната „Лесна“ и по неколку снимени песни доби понуда да започне со снимање за американскиот пазар. Сега во голема животна исповед изјави дека отсекогаш сакала да биде светска ѕвезда.
Кариерата во Србија ја градеше пет години и за тоа време не настапуваше, бидејќи, како што вели, од самиот почеток знаеле дека заслужува светска слава.

-На 3 или 4 години почнав да ги слушам Мадона и Бритни Спирс, ги лепев нивните постери и се облеков како нив. Ги земав шминката и потпетиците на мајка ми, ги пеев нивните песни и сонував да бидам како нив еден ден. Мајка ми секогаш ми велеше дека не е можно, затоа што сум од мала земја и англискиот не ми е мајчин јазик, но некако верував во себе и знаев дека сум родена да бидам светска ѕвезда. Пред пет години запознав некои луѓе од Америка кои ми понудија соработка, не можев да поверувам дека се толку воодушевени од мене, ми рекоа дека сум многу талентирана и дека сум одличен производ, раскажува Диди.
На самиот почеток на кариерата имала можност да соработува со покојната Марина Туцаковиќ, како и со Леотина Вукомановиќ, која многу и помогнала на стартот.

Ги запознав Леонтина и Марина Туцаковиќ и ги снимив песните „Да живее морето“, „Балерина“, „Максимално мој“, „Лесен маж“ и некако сѐ почна да се случува, станав голема ѕвезда во Србија, сите почнаа да ја следат мојата работа и потоа запознав луѓе од Америка кои ми рекоа дека таму треба да ја градам кариерата и си реков зошто да не, продолжи таа.
Како што истакнува, популарноста во Србија ја стекнала со модни скандали.

Отсекогаш привлекував внимание, најмногу со мојот стајлинг. Никогаш не сум имала скандали освен модни, се сеќавам дека се облекував поинаку само за да ме забележат медиумите, го следев модниот пат и мислам дека тоа не беше грешка. Никогаш не сум настапувала во Србија, мислев дека сум за многу повеќе, сакав да градам кариера во светот, а потоа да дојдам на некое големо место во Србија и да настапам, објасни таа.
Диди изјави дека за пет години од нејзината кариера во САД имала само една турнеја, поточно 12 настапи во геј клубови, а еве колку чини билет за еден нејзин настап.

Имав можност да настапувам бесплатно во геј клубови во Америка, не ми плаќаа да пеам затоа што многу ја поддржувам геј популацијата и сите светски ѕвезди за нив пеат бесплатно. Ништо не наплатив затоа што сакав да ги запознаам и тоа многу ми помогна во кариерата. Досега настапував само во геј клубови во 12 градови. На мој настап на едно место имаше дури преку 200 илјади луѓе. Чувството е феноменално, толку многу луѓе. Сите пееја и врескаа. Ја пеев мојата песна со Шеги, а потоа бев специјален гостин. Потоа имав „Запознај и поздрави“ („Meet and greet“) и сите се сликаа со мене и почнаа да ме следат на Инстаграм, со што бројот на следбеници почна да се зголемува и достигна 4 милиони. Моја желба е да имам 10 милиони следбеници, вели Диди.
Таа открива дека во Америка освен за неа знаат и за Новак Ѓоковиќ, а ја коментираше и изјавата за која „грмеа“ мрежите.

-Јас сум поголема ѕвезда во Америка отколку овде, се појавив на Греми, моите слики се насекаде, многу се пробив и планирам уште повеќе. Во Србија ме исмејуваат, ми ги превртуваат изјавите. Тоа ми е најголемиот проблем овде, што луѓето што и да кажам го извртуваат и ме исмејуваат. Како може некој да каже дека сум попопуларна од Ѓоковиќ, не се ни споредувам со него. Само би сакала моите изјави да да се пренесуваа како што треба, истакна Диди.