Преживеале 296 часа под тони бетон на студ: Спасувачите под урнатините извлекле дете и двајца возрасни

Спасувачките тимови во Турција спасија три лица, меѓу кои и едно дете, од урнатините на срамнета станбена зграда, каде што поминаа 296 часа од минатонеделниот земјотрес, објави турската јавна телевизија ТРТ.

На видеата се гледаат спасувачки екипи како носат маж и жена на носилки кон амбулантно возило, а до нив може да се видат болничари кои се грижат за детето .

Не се објавени дополнителни информации за преживеаните, а извештајот на државните медиуми за спасувањето во провинцијата Хатај не може да биде независно потврден.

Возилата на итната помош беа подготвени за евентуални други спасувања од истата зграда, објави ТРТ.

Повеќе од 40.000 луѓе од Турција и од светот ги продолжуваат своите спасувачки операции низ југоисточна Турција, објави во петокот Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби АФАД.

Вкупниот број на загинати во Турција од земјотресот на 6 февруари доцна во петокот се искачи на 39.672.

Неколку илјади луѓе загинаа и во соседна Сирија.