Диего Гомез – нов фудбалер на Интер Мајами

Парагвајскиот фудбалски репрезентативец Диего Гомез (20) е нов член на американскиот прволигаш Интер, соопшти денеска клубот од Мајами.

Парагвајскиот играч за врска доаѓа од Либертад и со Интер потпиша договор до 2026 година.

„Среќен сум што му се приклучив на клубот во овој возбудлив момент. Ќе се борам да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели“, изјави младиот Парагваец.

Гомез е четвртото засилување ова лето во редовите на Интер по доаѓањето на Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Во клубот се очекува да дојде и Луис Суарез, а дел од медиумите наведуваат дека на своите поранешни соиграчи од Барселона би можел да им се приклучи и Андрес Иниеста.