Димитар Ковачевски: “Фон дер Лајен е искрен пријател на Северна Македонија, лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја“

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, е искрен пријател на Северна Македонија, која лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја“, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил.

На средбата, овде во Рејкјавик, искрено ѝ се заблагодарив што верува во нашата решителност да ги засилиме реформските процеси за подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани и побрзо да добиеме статус на полноправна членка на Европската Унија“, напиша Димитар Ковачевски во неговата објава.