Динамо Загреб е исфрлен од Европа поради дивеењето на нивните навивачи!? За Хрватите се подготвуваат брутални санкции (фото)

Динамо е блиску до елиминирање од Европа поради лудите нереди на нивните навивачи во Атина!

Иако Динамо од Загреб ниту беше организатор, ниту пак нередите се случија на нивниот стадион, УЕФА поради историјата на дивеење на хулиганите од Загреб може да донесе шокантни одлуки, пишува Јутарњи лист и додава:

– На Динамо му се заканува најлошото сценарио – исфрлање од Европа. АЕК побарал хрватскиот клуб да биде исфрлен од европските купови. И, тоа и тоа има основа.

Имено, хрватскиот клуб не го најави доаѓањето на навивачи на состаноците пред натпреварот. Безбедносните структури на Динамо сигурно знаеле дека група од 200 навивачи биле на пат кон Атина.

Потребно беше да се пријави во грчката полиција или во АЕК за да се спречат какви било инциденти. Ништо од тоа не дојде од Динамо…