Доаѓа артилерија: Целосна поддршка за „светата борба“; Што бараат за возврат?

Северна Кореја почна да пренесува артилерија во Русија, зајакнувајќи ги силите на Владимир Путин во војната, изјави неименуван американски функционер за CBS News.

Тој не кажа дали трансферот е дел од нов, долгорочен синџир на снабдување или ограничена пратка, ниту што добива Северна Кореја за возврат за оружјето.

Ким му рекол на Путин за време на состанокот во Русија минатиот месец дека може да смета на „целосната и безусловна поддршка“ на Северна Кореја за руската „света борба“ во одбрана на нејзините безбедносни интереси, пишува американскиот ТВ канал.

Висок јужнокорејски функционер изјави за CBS News дека Сеул е загрижен дека Ким може да побара технологија од Русија за изградба на подморници на нуклеарен погон и понапредни ракети и сателити, покрај соработката за конвенционално оружје.

Официјалниот претставник предупреди дека доколку билатералните врски меѓу Русија и Северна Кореја се продлабочат до тој степен, тоа ќе ја зајакне способноста на Ким да им се заканува не само на блиските азиски сојузници на Америка, Јужна Кореја и Јапонија, туку и на целиот свет.

Од друга страна, како што јави Си-Би-Ес, САД им предале на украинските сили залихите на муниција запленети од Иран, соопшти американското Министерство за правда.

Залихите на иранска муниција пренесена во Украина од САД вклучува повеќе од милион куршуми од 7,62 мм, кои се користат за митралези и пушки, според Си-Би-Ес.

Муницијата беше запленета од страна на американската морнарица во декември 2022 година од брод кој пловел за Јемен од Иран, каде Техеран ги поддржува бунтовничките сили Хути вклучени во граѓанската војна во земјата.

Централната команда на американската војска потврди дека во понеделникот префрлила муниција во Украина.

Со дополнителното американско финансирање за Украина замрзнато засега поради дебатата за буџетот на федералната влада, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го искористи трансферот на иранска муниција како решение за континуирана поддршка за Киев, според Си-Би-Ес.