Започна сезоната на настинки, кога носот постојано тече, но не треба да претерувате со употребата на спрејот.
По долготрајна употреба може да стане бескорисен и кај лицето кое го користи развива толеранција кон состојките во него, па може да има непријатни несакани ефекти.
Спрејовите и капките за нос не треба да се користат толку често колку што сакате. Оние кои содржат солен раствор ја навлажнуваат носната слузница и помагаат во деблокирање и исфрлање на секретот, но оние кои често се препишуваат содржат антихистаминици и кортикостероиди.
Антихистаминиците им помагаат на луѓето со алергии бидејќи ја блокираат алергиската реакција, додека кортикостероидите се користат за намалување на воспалението и не треба да се користат долго време.
Доколку ги користите според упатствата, ретко предизвикуваат несакани реакции, пренесува Телеграф.
Назалниот спреј веројатно ќе го зголеми секретот, предизвикувајќи почесто да кивате, кашлате или да имате повеќе назални секрети. Ова се пожелни појави, но прскањето може да предизвика и непожелни, како што се крварење, главоболки, губење на мирис и вкус и иритација на носот.
Ако го користите повеќе од три или четири дена, блокадата може да се влоши. На почетокот добро функционира, но по долга употреба, носот повторно се блокира. Покрај тоа, некои состојки во спрејот се хемикалии кои можат да ги оштетат мембраните во внатрешноста на ноздрите, што може да доведе до хронично крварење од носот.
Важно е да се знае дека предолгата употреба на спрејот (оптимално е три до четири дена и не повеќе од седум до 10 дена) може да предизвика појава на ринитис медикаментоза и, наместо да се лекува, да има контра-ефект.
Затоа кога имате настинка или проблеми со синусите, користете одредена количина на спрејови за да го одблокирате носот.