Добриот “руски војник” Румен Радев – Зеленски го нападна бугарскиот претседател во Софија, “генералот” на Тодор Живков им нареди на новинарите да го напуштат состанокот!

Беше довволна само една посета на Зеленски за да се соголи целата вистина на поделената бугарска елита и држава која наводно вози кон ЕУ и НАТО а дава змигавец кон Путин и Москва. Тоа беше видливо и во однос на македонското прашање и блокадата на Македонија во ЕУ, но и длабоката бугарска поделеност во однос на војната во Украина. Румен Радев како офицер на Тодор Живков долго се криеше зад бугарскиот патриотизам, на крајот сепак се покажа грдото лице на тодор-живковата Бугарија која сакаше да стане 16-та република на СССР.

Украинската делегација седеше со вкочанети лица, повремено правејќи гримаси и белешки.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски жестоко го нападна својот бугарски колега Румен Радев во Софија, а се беше снимено на ТВ камерите.

Имено, тој упати жестоки критики кон Радев затоа што се противи на вооружувањето на Украина, а Политико пренесува дека „збеснал“ на зборовите на Радев, кој е повеќе наклонет кон Русија и е двосмислен по прашањето за НАТО. Политико пишува дека средбата поминала полошо од очекуваното.

Збунетиот бугарски претседател, видно изненаден од однесувањето на Зеленски, побара од ТВ камерите да ги напуштат просториите во претседателската палата каде се снимаше средбата.

Зеленски ја посети Бугарија главно за да се сретне со премиерот Николај Денков, кој го поддржува извозот на оружје во Украина.

Украинската делегација во сиво маслинести униформи седна на долгата дрвена маса спроти најблиските соработници на Радев. Со вкочанети лица, тие повремено правеа гримаси и фаќаа белешки додека бугарскиот лидер објаснуваше дека „нема воено решение“ и дека сè повеќе и повеќе оружје нема тоа да го реши.

Зеленски му одговори жестоко.

Не дај Боже да ти се случи некоја трагедија и да си на мое место. Значи, ако луѓето со кои селите заеднички вредности не помогнат, што ќе правите? Би рекле: Путин, те молам грабни ја бугарската територија? Не, вие како вистински претседател, сигурен сум дека не би дозволиле компромис. Ваше право е да не давате поддршка за да и помогнете на Украина. Но, навистина би сакал правилно да ме разберете, рече Зеленски, додека запрепастениот Радев гледаше во неговите хартии.

Зеленски го критикуваше Радев дека руската инвазија главно ја опишува како „конфликт“, а не како војна, и за нејасните тврдења дека војната се шири.

Украинскиот лидер цврсто го отфрли предлогот на Радев за дипломатско решение, посочувајќи дека Кремљ започна војна за уништување против Украинците, а не против другите земји.

Исто така сакам да ви кажам и дека колку и да има муниција вашата војска, таа нема да биде доволна за борба против Руската Федерација. Немате лоша армија, вашите луѓе се добри, но тоа не би било доволно да се борите против 160 милиони луѓе. Затоа е добро да дадете (оружје) за да се одбраниме и војната да не ви дојде пред врата. Украина и НАТО треба да имаат заеднички вредности. Не може да биде поинаку. Не можете да ја поддржувате Русија и да поддржувате балансирање затоа што Русија сака да го уништи НАТО, сака да ја уништи Европа и Европската унија; тоа се нивните цели. Дали ме разбирате? рече Зеленски.

Радев на крајот предложил дека има предлог, но побарал од ТВ камерите да ја напуштат средбата пред да продолжи, пренесува Политико.

Пос редбата поранешниот министер за однрана на бугарија, Бојко Ноев на твитер напиша:

Срамно однесување на Радев пред Зеленски! Видовме вистински, возвишен, светски почитуван лидер како го води својот народ против рускиот агресор, соочувајќи се со ситен, лицемерен човек кој не прави да се срамиме што е претседател на нашата држава.