Договорен прекин на огнот меѓу Хамас и Израел!

Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот, пишува „Џерусалим пост“.

Според „Џерусалим пост“, прекинот ќе трае пет дена.

Како итна вест, на своја сметка на платформата „Х“, повикувајќи се на политички извори, објави дека е договорено примирје.

„Примирјето меѓу Израел и Хамас ќе трае пет дена, а четириесет деца и 13 заложници ќе бидат ослободени од заробеништво на Хамас“, изјави неименуван извор.

Хамас и Израел треба да потпишат договор за ослободување на заложниците, а израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нагласи дека Израел чека да се донесат тешки одлуки.

„Тајмс оф Израел“ наведува дека Израел нема да ги ослободи палестинските затвореници осудени за убиство. Медиумите наведуваат и дека, според изворите, по размената на заложниците ќе продолжи воената кампања на Израел во Појасот Газа.

Според договорот што се развива, Хамас ќе ослободи најмалку 50 израелски заложници, главно жени и деца, во замена за четиридневен прекин на огнот, ослободување меѓу 150 и 300 палестински затвореници и влез на гориво и друга стока во Газа наведува “Тајмс оф Израел”.