ДОДЕКА НАВИВАЧИТЕ ТАГУВААТ, ЈОКИЌ СЛАВИ И ЛУМПУВА! Го зема микрофонот, се соблече гол до половината и запеа: “Јас сам шарала, варала” (Видео)
Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ нема да игра за репрезентацијата на претстојниот Мундобаскет.
Јокиќ во понеделникот наутро и официјално му соопшти на селекторот Светислав Пешиќ дека не може да ја прифати поканата бидејќи физички и психички не е подготвен да ја преземе одговорноста што се очекува од него.
По исклучително напорната сезона, тој реши да одмори и максимално да ги оттргне мислите од кошарката, а неговата одлука ги разочара и растажи навивачите во Србија.
Јокиќ минатиот викенд приреди голема прослава поради сјајните резултати што ги постигнаа неговите коњи на трките.
Никола беше одлично расположен, со другарите лумпуваше на фолк хитови, а во еден момент и самиот се фати за микрофонот и ги покажа своите вокални способности.
Сомборацот се соблече гол до половина и ја отпеа песната на Драгослава Генчиќ: „Ја сам Јовицу шарала, варала“.
Погледнете како тоа изгледаше: