Додека се бришела со пешкир забележала рани: По туширањето осипот ѝ се распространил по целото тело, дијагнозата е страшна иако не е рак (фото)

Рејчел Фетерс страда од многу ретка алергија – на вода. Рејчел е ветеринарeн техничар која дознала за оваа тешка дијагноза откако на нејзината кожа почнал да се појавува болен осип при секое туширање или миење на рацете, пишува Дејли мејл.

Ако испие повеќе од 120 мл вода, ако обилно се поти или се тушира, се појавува болен осип на кожата.

Поради сето ова може да се тушира ​​само со дестилирана вода.

– Првите кожни реакции почнаа да се појавуваат кога имав 18 години. Се истуширав, се избришав со крпа и забележав осип. Почна да боли, и секој пат стануваше cè полошо и полошо. Беше толку болно што дури и плачев. На почетокот на минатата година отидов на лекар – рече таа.

По неколку прегледи и различни мислења се посомневале за ваков тип на алергија со биопсија на кожа, а тестовите кои ги направила го потврдиле сомнежот. Таа не била шокирана бидејќи знаела дека симптомите се предизвикани од вода.

– Ми беше полесно бидејќи имав одговор и знаев дека не сум сама – рече девојката која не знае да плива и не смее да се намокри.