Ниту Цеца, ниту Прија! Оваа пејачка годинава зема милион евра и станува најбогатата пејачка на Балканот! (фото)

Летната сезона е шпиц за сите пејачи, но само некои од нив работат со полна пареа. Сепак, една пејачка оваа година особено се истакна и предизвика вистински хаос на балканската естрада, а годината ќе ја заврши како милионер.

Иако Александра Пријовиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе имаа голем број настапи, кога станува збор за бројот на ,,тезги”, Теа Таировиќ ги надмина.

Според медиумските шпекулации, Теа има закажани настапи во текот на годината низ цела Европа, а летото и’ било особено активно бидејќи пеела речиси секој ден.

Но, за неа нема одмор ниту наесен. Таировиќ во текот на ноември ќе одржи три концерти во далечната Австралија од кои, како што дознаваме, ќе заработи 90.000 евра.

Таировиќ во изминатите денови настапуваше на црногорското приморје, каде нејзините концерти беа многу популарни, па во рок од еден месец двапати пееше во некои клубови.