„Додека шмркаат, јас пијам лекови за смирување“: Дара Бубамара ја демаскира естрадата

Дара Бубамара е позната по шокантните изјави и како некој кој без влакна на јазикот зборува за својата интимност.

Фолкерката неодамна во подкаст зборуваше за својата кариера, а во еден момент ги нападна колегите и се спореди со сите.

-Имам ненормална енергија и додека колегите шмркаат пред настап, јас пијам лекови за смирување. Дури и пушев за да имам каде да ја ослободам енергијата – изјави Дара Бубамара во подкастот на „Востакакт“, а потоа се осврна на турнејата во Америка, откривајќи го нејзиниот омилен дел:

-Ги сакам и Мајами и Чикаго, тоа е лудост, но најмногу ми се допаѓа Лас Вегас, тоа е град кој е блуд и неморал, но го сакам брат – рекла Бубамара.