Додик го навреди американскиот амбасадор, но повеќе не се заканува со отцепување

– Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик денеска повторно го навреди американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, нарекувајќи го „лигавец“, но во исто време ја ублажи својата сецесионистичка реторика, велејќи дека сега бара начин на кој Република Српска може да биде самостојна „во рамките на Босна и Херцеговина“.

Додик беше многу налутен од фактот што американскиот амбасадор Мајкл Марфи заедно со неговиот колега од Белград, Кристофер Хил во средата се сретнаа со српскиот претседател Александар Вучиќ.

На овој начин, српскиот претседател ги спречи напорите на Додик да го исклучи Марфи од контактите со српските политичари, на кои му замерува поради наводното мешање во внатрешните работи на БиХ.

Марфи постојано остро ги критикуваше заканите на Додик за отцепување на Република Српска, предупредувајќи го дека конкретните чекори во таа насока нема да поминат без одговор од САД. Поради ова, Додик им забранил на сите функционери од Република Српска да се сретнат со американскиот амбасадор.