Додик: Најдобро е Шмит да си замине од БиХ, и за него и за земјата која го испрати

– Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека одлуката на Високиот претставни на ЕУ за БиХ, Кристијан Шмит. во однос на измените во Законот за Сребреница нема да биде објавена во Службен весник на Република Српска, бидејќи, како што наведе, неговата одлука ништо не значи за овој ентитет на БиХ.

Додик ова го изјави откако високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кој не е признат од Република Српска затоа што не е именуван во Советот за безбедност на ОН, наметна измена на Законот за Меморијалниот центар во Сребреница.

-Најдобро би било Шмит да си замине, и за него и за земјата што го испрати, изјави Додик.

Тој повтори дека високиот претставник не постои.

-Таму не се случи геноцид и тоа сите го знаат. Според дефиницијата за геноцид, за која целиот тим утврди дека немало геноцид, а потоа се најде потомок на оние кои го извршија најстрашниот геноцид во Втората светска војна нам да ни утврдуваат која е вредноста во овој поглед, изјави Додик.