Шпанската полиција му зададе историски удар на балканскиот картел: Им запленија 10 тони кокаин во вредност од три милијарди евра (фото/видео)

Шпанските власти му зададоа тежок удар на балканскиот картел и запленија речиси 10 тони кокаин.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Шпанија.

Според полицијата, никој не е уапсен, но не ја исклучуваат можноста тоа да се случи во наредните денови, пишува Ел Мундо.

„Во пристаништето Алгесирас, на југот на земјата, во средата е запленета најголемата пратка кокаин во Шпанија – 9.436 килограми“, се вели во соопштението на полицијата и царината.

Дрогата била пронајдена во фрижидер од Еквадор, скриен во гајби со банани.