Австрија: Три лица загинаа во пожар во болница

 20 лица биле погодени од чадот

Три лица загинаа како резултат на пожарот во болницата „Мудлинг“ што се наоѓа во близина на австрискиот главен град Виена.

Матијас Хофер, портпарол на здравствената установа во покраината Долна Австрија, во изјавата за медиумите истакна дека пожарот избувнал синоќа во собата во која се наоѓале тројца пациенти, кој потоа брзо се ширел.

Хофер информира дека како резултат на пожарот загинале тројца пациенти, додека 20 лица биле погодени од чадот.

Според Хофер, пациентите биле пренесени во околните болници.

Хофер нагласи дека во салите за операции извесно време нема да се вршат интервенции затоа што овие сали се наоѓале во близина на собата во која избувна пожарот.

Според соопштеното, обвинителството во оваа покраина започна истрага за откривање на причината за избивање на пожарот.