ОВОЈ ФУДБАЛЕР ЗА МАЛКУ ЌЕ СТАНЕЛ НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ПЛАНЕТАТА! Меси врескал, се тркалална тревата, чудо го спаси (ВИДЕО)

Да беше можно, Канаѓанецот на 29 години ќе станеше најомразениот човек на светот.

Хорор сцената не остави никого рамнодушен, Лионел Меси , според медиумите од САД, врескал од болка, а на видеото и фотографиите се гледа дека паднал на теренот и се тркалал по него.

Интер Мајами играше како гостин на натпреварот од Лигата на шампионите на КОНКАКАФ против Нешвил, а фудбалерот на оваа екипа Лукас Мекнатон , Канаѓанец роден во Њујорк, го повреди Аргентинецот во 77. минута.
Факт е дека немаше намера, дефанзивецот на Нешвил ја шутна топката, но после тоа неговата нога заврши на онаа на Меси.

Гледајќи ја снимката се доаѓа до заклучок дека само по среќа еден од најдобрите фудбалери на сите времиња не доживеал сериозна повреда. Откако му беше укажана помош, Меси на кратко го напушти теренот, но набрзо се врати на него и го заврши натпреварот.