Додик ќе се сретне со Путин, Си и Орбан

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во четвртокот изјави дека во наредните денови ќе има одделно средби со рускиот претседател Владимир Путин, со кинескиот претседател Си Џинпинг и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според Додик, тој ќе ја посети Русија од 20 октомври до 5 ноември, а потоа ќе отпатува за Кина.

,,Рускиот претседател е најдобриот човек што го запознав во политиката и горд сум што имам шанса да разговарам со него“, рече Додик во ток-шоу на Радио телевизија на Република Српска.

Тој рече дека ќе биде во Будимпешта во понеделник за да се сретне со Орбан и дека наскоро ќе се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.