ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА МАЈКАТА МОНСТРУМ: Го оставила детето да умре од глад а таа отишла на летен одмор, едногодишното девојче пронајдено мртво во страшна состојба

Мајката изјавува дека „Бог и нејзината ќерка и простиле“.

Кристел Канделарио (32), мајка од Охајо, која ја оставила својата 16-месечна ќерка сама дома десет дена, е осудена на доживотен затвор без можност за кауција.

Нејзината ќерка Џејлин умрела од глад и дехидрација откако била оставена сама дома додека нејзината мајка била на одмор во Порторико .

Џејлин на денот на нејзината смрт не тежела ни шест килограми, а мајката минатиот месец беше прогласена за виновна за едно тешко убиство и едно за загрозување на животот на дете.

Судијата истакна дека ја осудува Кристел да умре во затвор, исто како што таа ја осуди својата ќерка, со таа разлика што „затворот барем ќе ја нахрани и ќе и даде вода, што таа не и го дозволи на ќерка си“.

Елизабет Муни, судскиот патолог и заменик-медицински истражител на округот што ја изврши обдукцијата на починатото дете, се обрати пред судот во понеделникот опишувајќи го случајот како „најтрагичниот и најтажниот“ случај во нејзината кариера.

Она што најмногу ја шокираше јавноста е изјавата на патологот во која таа изјави дека починатото девојче имало големи количества фекалии на рацете, стапалата и во устата, кои и се залепиле за забите, што укажува дека детето го консумирало сопствениот измет.

-Верувам дека болката и страдањето низ кое помина ова бебе траеше не само часови, не денови, туку евентуално цела недела. Ова е болка предизвикана од екстремен глад и жед. Ова чувство на напуштеност кое траеше со денови, во комбинација со болката од екстремна жед и глад е вид на страдање што никој од нас не може навистина да го разбере – изјави Елизабет Муни, патолог.

– Џејлин умрела долго и во агонија, сама и исплашена, додека нејзината мајка уживала на плажа. Ова е случај што јас, сите луѓе зад мене, и луѓето насекаде во светот ќе го паметат во нашите срца – изјави Тереза ​​Гомез, надлежна за убиства.

Кристел, обраќајќи се во судницата, изјави дека е „крајно повредена од сето она што се случило“, инсистирајќи дека „никој не знаел колку таа страда и низ што минува“. Таа ја заврши својата презентација со зборовите:

– Господ и ќерка ми ми простија – рекла оваа мајка.

Адвокатот на мајката изјавил дека мајката се справува со депресија и анксиозност и не ја добива потребната помош.

– Оставајќи го бебето, исплашено, само, незаштитено, да умре на најлош можен начин без храна, вода, заштита, лежење во сопствениот измет. Доказите на кои бев сведок во оваа судница покажуваат дека таа едноставно избрала да не биде тука за нејзината ќерка, едноставно затоа што сакала да се забавува. Таа одлучи дека и треба пауза, а она што следеше беше огромна трагедија – изјави судијата.

Судијата изјавил и дека мајката можела да ја спаси ќерка си со само еден телефонски повик , но решила да ја остави во „малиот затвор каде што ја оставила“.

Мајката признала дека го оставила своето бебе сама додека била на одмор десет дена, а била и таа која првично повикала полиција, велејќи дека го „нашла своето бебе неподвижно“.