Послужете го со јогурт и уживајте во секој залак
Состојки:
1/2 кг кора за пита
350 гр ситно солено сирење
250 ml вода
125 мл масло
Подготовка:
- Измешајте масло и вода. Скршете го сирењето. Во тава подмачкана со масло се ставаат двете кори, краевите да поминат по рабовите на тавата. Попрскајте ги со мешавина од масло и вода, врз нив ставете уште две кори, попрскајте ги и нив. Ставете ја третата кора, а врз неа малку сирење. Наредете понатаму, две попрскани кори, па третата сирење и така додека не се кори.
- Тестото што поминало преку работ на тавата завиткајте го во бурек, па премачкајте го со остатокот од маслото. Печете на 180 степени околу еден час.