ДОНАЛД ТРАМП ПОВТОРНО ШОКИРА: „Нема да бидам диктатор, освен првиот ден!“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека, доколку се врати на власт во 2025 година, нема да биде диктатор „освен првиот ден“ .

Ова го изјави за Фокс њуз, на прашањето дали ќе возврати ако се врати во Овалната соба.

Како што објасни, тој ќе биде диктатор, пред сè во однос на затворањето на границата.

Доналд Трамп

„Покрај тоа, јас не сум диктатор“, рече тој.

За време на кампањата, демократските кандидати често истакнуваат дека доколку Трамп се врати на власт, тој ќе биде диктатор и дека ќе се пресметува со неистомислениците. За време на интервјуто, Трамп го критикуваше американскиот специјален советник, Џон Кери, за неговите изјави дека електраните на јаглен мора да се затворат.

„Кина гради една фабрика за јаглен неделно, огромни фабрики за јаглен, и тие го прават тоа автоматски. А Џон Кери сака да престанеме да правиме сè што можеме. Имаме земја, мораме да ги поттикнеме нашите фабрики. Не ги активираме нашите фабрики. Нашата земја може повторно да биде богата. Џон Кери треба да се запре. Тој ја уништува нашата земја“, рече Трамп, додавајќи дека Кери насекаде патува со приватен авион додека зборува за борбата против климатска промена.