Најмладиот брат на тенисерот Новак Ѓоковиќ – Ѓорѓе Ѓоковиќ пред само неколку дена стана татко. Неговата партнерка Сашка Веселинов и тој добија момче по име Александар. Прославата во куќата на Ѓоковиќ не изостана, а на мрежите набрзо се прошири емотивно видео од настанот.
Имено, Ѓорѓе Ѓоковиќ, како што може да се види од приложениот материјал, се „скршил“ пред пријателите и семејството кои дошле да му го честитаат раѓањето на детето, а низ солзи и испратил трогателна порака на сопругата Сашка.
„Ви благодарам на сите што дојдовте и да испратиме голем поздрав и да и се заблагодариме на Сашка. Бев присутен на породувањето, нешто страшно. Навистина е неверојатно чувство“, рекол Ѓорѓе, а потоа продолжил:
„После се што видов, ние мажите не треба да бидеме вулгарни. Треба да бидеме горди и благодарни на жените за се што прават за нас.