Драган Ковачки: “Органите да истражат што се правело со запаленото возило и што се друго крие Артан Груби“
СДС, вклучително и министерот за внатрешни работи се кираџии во владата, тие не одлучуваат за ништо, тоа што ДУИ ќе го намисли, тоа и го прави, односно челниците на ДУИ, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за „За или против“ на Алфа говорејќи за запаленото возило на Артан Груби при што посочи дека не очекува да има истрага, но и прашува како е можно МВР да дозволи звучна и светлосна сигнализација, ако не се водело на негово име.
Случајот со палењето на автомобилот кој го возел Артан Груби, а испадна дека е регистриран на друго лице, ја покажува неспособноста и немоќта на СДС во владата. Погледнете што се случува пријавувањето на опожареното возило го пријавува комшијата, односно сопственикот на фирмата. Од МВР излегуваат со известување до медиумите, дека тоа пријавување е од комшијата, а не од Артан Груби, рече Ковачки.
Ковачки посочи дека и Бујар Османи, Крешник Бектеши излегуваат со статус дека тоа возило е на Артан Груби, но и владата излезе осуда за палењето на Артан Груби.
– Сите потврдуваат дека тоа возило е Артан Груби, а факт е дека тоа возило се води на фирма. Како е возможно да се случи еден вицепремиер кому му следува по закон обезбедување, возила итн, како е можно никој да не знае дека тој го вози тоа приватно возило? Како е возможно МВР да одобри да се стават светлосна и звучна сигнализација на тоа возило кое не е во сопственост на државата? – прашува Ковачки.
Тој додава дека органите треба да истражат што се правело со ова возило и што се друго крие Груби.
-Артан Груби требало да биде доблесен и да го пријави тоа возило, тој не го пријавил не сакал да се води на негово име. Прашање е што се друго не е пријавено од Артан Груби? Можеби и друг имот има кој не е откриен кој органите треба да го истражат. Можеби на прв поглед излегува дека станува збор за само едно возило кое исто така не е мала работа, но факт е дека веројатно истрагата може да доведе и до други работи, изјави Ковачки.
„Случајот со демолирање на автомобилот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ не е поврзано со уставните измени туку со обелоденувањето на криминалот, кој што ние како политичка партија секојдневно го обелоденуваме. А, посебно нашата портпаролка, и другите наши портпароли, нашите пратеници ги изнесуваат криминалите скоро секојдневно поврзани со Демократската унија за интеграција, а пред се и за Социјалдемократскиот сојуз како нивен извршител односно нивен измеќар во Владата на Република Македонија“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Ковачки додаде дека она што се случи со автомобилот на портпаролката е порака, но таа порака доаѓа од немоќ, од страв. А, сето тоа е доказ и потврда дека од власта се свесни дека доаѓа крајот, се свесни дека после крајот доаѓа и одговорност и дека пардон нема да има.
„Ние нема да престанеме со објавување на скандали туку напротив дополнително ќе продолжиме да ги изложуваме сите скандали во јавноста. И ќе бараме одговорност за овие скандали. Ќе бараме надлежните институции да постапуваат по скандалите кои што ги објавуваме, по криминалите кои што секојдневно ни се случуваат. Срамота е во една држава толку скандали да има, имаме хиперинфлација на скандали секојдневно за криминали и корупција, а да немаме никакво процесуирање. И сето тоа со непроцесуирањето на овие скандали кои што ги објавуваме секојдневно се должи на тоа што системот е корумпиран од МВР преку ЈО до судството, а сето тоа е под капата на ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз“, рече Ковачки.
Тој посочи дека и покрупните скандали немаат разрешница за жал, сето тоа се заташкува од страна на институциите. Но, доаѓа време кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и тогаш сите ќе одговараат пред словото на правдата.
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ