ДРАМАТА ЗАВРШИ, ФУДБАЛЕРОТ (22) Е ТРГНАТ ОД МОСТОТ! Сакал да се убие поради раскинувањето – го убедиле да НЕ скока! (Видео)
Фудбалерот на Ница Алексис Бека Бека бил тргнат од мост по закани за самоубиство…
Драмата во Франција заврши со среќен крај. Фудбалерот на Ница Алексис Бека Бека (22) бил извлечен од работ на мостот каде седел и се заканил дека ќе се самоубие. Наводно, младиот играч отишол на мостот „Манјан“ поради раскинување со својата девојка.
Таму беа испратени сите служби, полиција, итната помош, психолози и се чини дека разговорите вродија со плод. Сè траело околу еден час и успеале да го убедат Алексис да се засолни и на тој начин спречиле трагичен исход. Веднаш го префрлиле во болница, а неговиот клуб се уште не се огласил за тоа.
Бека Бека е роден во Париз на 29 мај 2001 година, а професионалната кариера ја започна во 2018 година во резервниот тим на Каен. После тоа играше за првиот тим, а потоа замина во Русија и потпиша за Локомотива Москва. Таму остана само една година, а потоа се врати во Франција и потпиша за Ница. Помина низ јуниорските категории на француската репрезентација, беше дел од тимот на Олимписките игри во Токио, но не играше за сениорскиот тим. Покрај француски, тој има и конгоански пасош.
Ова е тој мост: