ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ВО ПАРИЗ – Човек скокнал со подобран од Ајфеловата кула, побегнал од чуварите, но набргу бил ‘соборен’ и уапсен

Човекот кој денес скокна со падобран од Ајфеловата кула е уапсен откако слетал во близина на историскиот споменик. Искусен алпинист влегол во кулата нешто по 5 часот, многу пред отворањето на туристичката атракција. Чуварите брзо го забележале, но тој успеал да се искачи на врвот пред да го спречат, пишува The Guardian.

Откако стигнал до врвот на Ајфеловата кула висока 330 метри, тој скокнал, а кога слетал бил уапсен поради, како што соопшти полицијата, а пренесоа француските медиуми – загрозување на туѓи животи.

Ваквите неодговорни дејствија ги ставаат во опасност луѓето кои работат на или под кулата“, се вели на веб-страницата на Ајфеловата кула

Поради инцидентот доцни отварањето на туристичката атракција, а против скокачот е поднесена кривична пријава. Ајфеловата кула во 2022 година ја посетиле 5,9 милиони туристи.