Комбе излета од патот, повредени две лица! Тешка сообраќајка во Хрватска (ФОТО)

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи денеска во хрватскиот град Драганиќ.

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во градот Драганиќ во Хрватска, пишува „Индекс“. Несреќата се случила кога комбето излетало од патот.

Полицијата првично соопшти дека се повредени уште две лица, но едно од нив подоцна починало во болница. Не е познато како дошло до несреќата.