НБА легендата со страст зборува за Јокиќ! Гарнет падна во транс поради Јокиќ: Џокерот е мој MVP, неверојатен е (видео)

Легендарниот НБА кошаркар Кевин Гарнет упати низа пофалби за српскиот ас Никола Јокиќ.

Никола Јокиќ оваа сезона доминира во најсилната лига на светот и е апсолутен фаворит за престижното признание МВП.

Никола просечно бележи 25,8 поени, 12,3 скока и 9,2 асистенции по натпревар.

Човекот кој пред точно две децении како член на Минесота ја освои единствената награда за МВП во кариерата нема дилема во чии раце треба да заврши вредниот трофеј.

,,Го бирам Џокер за МВП. Никој не игра на толку високо ниво како него. Лука и Шеј го делат второто место. Што прави Џокер во нашата лига, тој не е спортист… Тој руши рекорди. Човекот има трипл дабл против секој тим во лигата! Џокерот е подоминантен од Вилт Чембрлен. Го сакам Никола и тоа што го прави е неверојатно“, изјави Гарнет.

Погледнете со каков ентузијазам зборуваше легендарниот ас за Србинот!