Осомничената била позитивна на нелегални дроги
Јужнокорејската полиција уапси жена која за време на лет се обидела да ја отвори вратата за итни случаи на авион додека била под дејство на дрога.
Полицијата на меѓународниот аеродром во јужнокорејскиот град Инчеон приведе 26-годишна жена откако неуспешно се обидела насилно да ја отвори вратата за итни случаи на летот на Korean Air од Њујорк до Инчеон, пишува Yonhap.
Наводно, осомничената покажувала знаци на вознемиреност по околу 10 часа лет , кога постојано се обидувала да ја отвори вратата, додека стјуардесите не ја задржале.
При полициската истрага осомничената била позитивна на нелегална дрога.
Јужнокорејската полиција соопшти дека осомничената влегла во земјата откако поминала повеќе од шест месеци во Њујорк и немала досие за ментална болест.