Драма во Австралија: Екстремно отровна змија го прекина мечот на турнирот на кој се враќа Надал

Во Бризбејн стартуваше првиот турнир во машка конкуренција оваа сезона, кој воедно ќе биде и местото каде Рафаел Надал ќе се врати на тенисот по една година пауза поради повреда.

Имено, на квалификацискиот натпревар помеѓу легендарниот Доминик Тием и локалниот тенисер Џејмс Мекејб, на теренот влегла смртоносна змија.

Источната кафена вајпер е една од екстремно отровните змии, а обожавателите забележале дека во еден момент влегла на теренот. Брзо било повикано обезбедување и натпреварот бил прекинат, а чекал и специјално обучен фаќач на змии да го реши споменатиот проблем.

Откако го загуби првиот сет со резултат 6:2, Тием успеа да направи пресврт и по драмата со 7:6, 6:4 да обезбеди пласман во решавачкиот меч од квалификациите.

Источната кафена змија (Pseudonaya textilis) е вид на екстремно отровни змии од семејството Elapidae. Се гледа во источна и централна Австралија, како и во Нова Гвинеја. Може да порасне и до 2 метри, а се смета дека неговиот отров е втор најсилен во светот, веднаш зад тајпанот. Во Австралија, случаите на смрт по каснувањето на оваа змија се релативно чести.