МАСОВНИ АПСЕЊА ВО ТУРЦИЈА: Акција спроведена во сите провинции, „паднаа“ 189 лица, откриени кои биле нивните планови

Турските власти денеска уапсија 189 лица во 37 провинции во таа земја, под сомнение дека се поврзани со таканаречената милитантната група Исламска држава (ИД), соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Истакнувајќи дека операциите се извршени истовремено во сите провинции, Јерликаја изјави дека нема да дозволи терористите да ги попречуваат напорите за зачувување на мирот и единството во земјата, пренесува Anadia.

„Благодарение на молитвите на нашиот народ и на супериорните напори на нашите безбедносни сили, ние ќе ја продолжиме оваа борба без прекин“, рече Јерликаја. Во петокот беа приведени тројца членови на (ИД), како и уште 29 лица под сомнение дека се поврзани со операциите на ИД во девет провинции во земјата, пишува Ројтерс.

Оваа група е осомничена дека планирала напад на ирачката амбасада во Анкара, како и на цркви и синагоги во Истанбул. Турските власти ги засилија операциите против курдските милитанти во последните недели, откако курдските милитанти активираа бомба во близина на владините згради во Анкара на 1 октомври, пишува Ројтерс.