Драма во Дизниленд! Се запали змејот од филм кој ,,плукаше” оган: Посетителите во Лос Анџелес панично врескаа (ВИДЕО)

Змејот се запали среде настап во Дизниленд. Повредени нема. Пожар избувна во забавниот парк во Лос Анџелес, за време на ноќната емисија „Fantasimic“!

Змејот, кој беше од филмот Maleficent, се запали и видеата снимени од набљудувачите веднаш беа споделени на социјалните мрежи. Во еден од клиповите, змејот може да се види зафатен од пламен и чад додека музиката продолжува да свири во позадина.

Инцидентот се случил во забавен парк во Лос Анџелес. Пожарот избувна синоќа за време на шоуто „Fantasmic“ на островот Том Соер во Дизниленд, во Анахајм, објави британски ,,Metro”.

На видеата кои кружат по мрежите може да се види дека пожарот избувнал од змејот што ,,плука” оган, додека посетителите се слушаат како врескаат во позадина.

Луѓето набрзо биле евакуирани. Противпожарната служба во Анахајм соопшти дека никој не е повреден во пожарот. Засега не се знае степенот на штетата од пожарот.

Островот Том Соер е дел од Дизниленд од 1956 година, а посетителите можат да влезат во светот на еден од главните ликови во книгата на Марк Твен, објави KABC-TV.