ДРАМА ВО СЛОВЕНИЈА: Седум лица затрупани под снег – има повредени!

Планински спасувачи, планинска полиција и полициски хеликоптери се на терен.

Во популарниот ски-центар Мала Мојстровка во Словенија денеска се случи голема несреќа кога лавина „понесе“ седум лица.

Иако првите информации беа дека животот го загубиле осум лица, набрзо полицијата излезе со информација дека седум лица се спасени, но се уште не се знае степенот на нивните повреди, информираат од ПУ Нова Горица, а пренесуваат Словенске новице.

Исто така, не се знае која е нивната националност.

Планински спасувачи, планинска полиција и полициски хеликоптери се на терен.

Управата за заштита и спасување на својата веб-страница објави дека планинската несреќа се случила во областа Бовац во 9 часот и 35 минути.

Според словенечките медиуми, спасувачката акција е многу напорна, а сите планински спасувачи од дури четири планински спасувачки служби се повлечени.

Крнајска Гора, Мојстране, Ратеч и Бовац за што поскоро да извлечат седум лица од лавината, од кои најмалку тројца се тешко повредени.

Маглата ги спречува хеликоптерите да летаат, но тие се во состојба на готовност.